Градоначалникот на Желино, Сејдиу со порака: Имаме проблем со онлајн наставата, не секое дете е во состојба да има компјутер

You must need to login..!

Опис

Во Општина Желино немаме случај со КОВИД-19. Во соработка сме со релевантните институции. ГИ почитуваме и следиме мерките од Владата, изјави за Утрински брифинг градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу.

Луѓето што доаѓаат од странство ги почитуваат мерките и ситуацијата е под контрола. Уште од првите денови, и пред да имаме препорака, ние ги дезинфициравме сите локални патишта, местата каде што се движат луѓето, училиштата. Ништо не трае вечно па ни Коронавирусот, додаде Сејдиу.

Морам да напоменам и дека не е се како што треба во поглед на онлајн наставата. Не се сите домаќинства во ситуација да обезбедат компјутери. Но во контакт сме со надлежните и иако до сега повеќе пати е алармирано за ова, одговор се уште нема. Но сепак, оптимист сум и се надевам дека набрзо ќе се реши и овој проблем, додаде Сејдиу.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − five =