Градоначалникот на Велес за УБ: Лошо е што овој град стана лидер по фејкњуз во светски рамки

You must need to login..!

Опис

Понекогаш и лошата реклама е добра реклама. Не ми е мило што како градоначалник на Велес дадов интервјуа за сите врвни светски медиуми, од BBC, CNN, па Јапонската национална телевизија, последно беше за Кинеската национална телевизија, не е добро што Велес го означуваат како неформална светска престолнина на лажните вести, но тоа е вистината. Веројатно континуитетот на франкфурт мафијата на некој начин го одржува.

Немам сознанија. Од некои извори дознавам дека некои од тие поединци се трансформираат и лесно спечалените пари ги насоччуваат во други бизниси. Некои од нив сметките морале да ги префрлат во странство заради контрола на надлежните државни органи, но сигурен сум дека тоа што го почнаа ќе го прават и за кампањата за следните претседателски избори во Америка. Доби информации дека УЈП и други државни органи правеле контроли и дека од страв нечии сметки се преселени во други држави. Она што тие го прават не се коси со законите во Македонија и тоа е проблемота интернетот. Исто беше и со франкфурт мафијата. Тие момци во Македонија не прават кривични дела, тука се лојални, а тоа што го прават во е незаконито во друга држава изјави градоначалник на Велес, Аце Коцевски, одоговорајќи на прашањето за етикетирињато на овој град како центар на фејкњуз во светски рамки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × five =