„Го сакам Водно“ не сакаат Одлука, туку Закон за заштита на Водно

You must need to login..!

Опис

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ бара да се донесе специјален Закон за Водно, а не Нацрт Одлука за Прогласувањето на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата V која ја предложи Министерството за животна средина, бидејќи со неа може да се гради на планината. Екологистите се против предложената форма за заштита на Водно со Одлука, бидејќи сметаат дека на тој начин не се нуди вистинска заштита на планината и бараат постапката да се стопира. Одлуката која што се носи, е од аспект кој никогаш не бил суштински – вредноста на природата на Водно, а се заборава основното алармира Татјана Стојановска од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.

-Во моментов се манипулира со терминот заштита. На Водно му треба целосна заштита а не само на дел од територијата. Се работи за наменска парк шума која во минатото е вештачки создадена со цел да се заштити градот.И во минатото постоеле одлуки за заштита во кои строго се наведувало што треба а што не смее да се прави во рамки за заштитената територија. Се согласуваме дека има соодветна студија во која се оценува биолошката вредност на Водно, но тоа не е суштината во заштитата на Водно, нагласува Стојановска. Таа додава дека се во постојана комуникација со надлежните.

-Учествувавме во двете јавни расправи во Градот, бевме и на јавната расправа во Министерството за животна средина и просторно планирање, каде го изразивме нашето несогласување од носење на една ваква одлука, побаравме отповикување на постапката каде Водно ќе биде заштитено само од аспект на природната вредност.  Заштитената зона поради намалувањето на биолошката вредност ќе биде намалена. Планирано е зонирање во кој што еден дел ќе биде зона на одржливо користење, а тоа значи дека ќе биде дозволено градба на објекти за домување, хотели, инфраструктурни објекти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − 2 =