Гошевски: Сите институции што работат со финансии ги имаат под лупа сите криптотрансакции

You must need to login..!

Embed Code

Опис

Криптовалутите добија ново значење со почетокот на инвазијата во Украина. Она што се случува сега во светот на криптовалутите е детерминирано од случувањата во Украина.

-Биткоинот е антиинфлациска валута која треба да биде нешто како крипто злато. Но, златото почна да расте, а биткоинот падна на почетокот на кризата за потоа повторно да почне да расте, вели за Утрински брифинг Душко Гошевски, финансиски консултант, експерт за даночки и крипто проблеми.

Гошевски вели дека се работи за воен конфликт со економски димензии. Тука имаме и пропагандна војна, војна на информации, но и економски дел од војната каде што предничат санкциите, но токму поради нив се во игра и криптовалутите.

-Пикот на санкциите мислам дека беше со исклучување на Русија и нејзините банки од СВИФТ системот. Се сметаше дека криптовалутата ќе има многу значајна улога, но западниот свет се погрижи да има забрана за тргување во сите можности и пари и злато и криптовалути. Западот одблизу го следеше тоа и на време ФБИ успеа да ги следи крипто трансакциите. Оти трансакциите се тајни, ама ИП адресите се гледаат. Така се следат сите крипто трансакции, вели Гошевски.

Тој додава дека уште на самиот почеток се покажа дека големиот капитал почна да се пренесува. Сепак, крипто пазарот нема таков обем за толку мулијарди да се пренесат за многу кратко време.

Гошевски вели дека една недела пред почнување на конфликтот Украина донесе закон за легализација на криптовалутите. Сите институции што работат со финансии ги имаат под лупа сите финансиски трансакции, а берзите сосема ги изолираа руските фирми и руските граѓани, додава тој.

-Институциите на западната алијанса спроведоа масивни кибер акции како што е уривањето на дарк нет мрежата Хидра каде што се одвиваше црна трговија, меѓу другото со дрога, главно на рускиот пазар, вели Гошевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eighteen − 5 =