Гошевски: Прва Светска крипто-војна – криптовалутата и биткоинот како сериозен играч и во воените конфликти

You must need to login..!

Опис

Со украинската криза не започна само војна во географски простор, туку и една интернационална војна во крипто-просторот.

-Ги обративме криптовалутите од правен, регулаторен, финансиски, монетарен аспект, но не знаевме дека ќе треба истото да го направиме и од воен, геополитички аспект. Криптовалутите се најдоа во средиштето и во виорот на овој руско-украински конфликт, изјави за Утрински брифинг Душко Гошевски, адвокат и експерт за криптовалути.

-Вашингтон пост излезе со статитија дека се работи за првата светска крипто-војна. Можеби звучи сурово, но фактички криптовалутата, пред се биткоинот со ова стана глобален играч и во конфликтните сценарија..

-Ова не е прв пат криптовалутите да се вмешаат во воен конфликт. Тоа се случи минатата година кога талибанците го напаѓаа Кабул.

-2020 Авганистан не постоеше на мапата на држави кои користат криптовалути. 2021 по обем и трансфер на пазар на капитализација, беа први во Азија и топ 20 во светот.

-Се работеше повеќе за трансфер отколку за копање на криптовалути. При напуштањето на Кабул, голем дел од луѓето во Авганистан својот капитал и резерви ги префрлија во криптовалути, потоа се иселија и во местата каде што ги продолжија своите животи најверојатно ги разменија.

-Се работи за вмешување на криптовалутата и на биткоинот како сериозен играч и во воените конфликти, вели Гошевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eleven + 16 =