Гошевски: Криптовалутите во Македонија сега се регулираат со закон

You must need to login..!

Опис

Пред Нова година на ЕНЕР системот беше ставен на расправа Законот за криптовалутите и расправата заврши на 7 јануари. Ова законско решение го предлага Управата за финансиско разузнавање.

-Законот за спречување на перење пари ќе биде првиот со кој ќе се регулираат криптовалутите. Предлагач е Министерството за финансии а копредлагач е Управата оти таа се занимава со детектирање на перење пари. Се работи за Петтата директива на ЕК од 2018 година која во голема мера е донесена за имотот во виртуелната реалност. Некои држави донесоа нови закони, а некои тоа го решија преку постојните законски решенија, вели Душко Гошевски.

Што предвидува овој закон за работењето со криптовалутите?

-Во овој закон се регулираат термините. Не е криптовалута туку виртуелни средства, се регулираат и други термини што е добро оти тоа ќе премине во трговска дејност. Најважните точки се шшто има две граници. Забрането се готовински трансакции над 500 евра. Над 500 евра оди преку жирални трансакции, а тоа го прават овалстени менувачници. Над 1000 евра трансакција мора да има пријава од менувачницата до Агенцијата за финансиско разузнавање. Доколку нема адреса виртуелниот паричник има посебен идентификациски број, вели Душко Гошевски

Со криптовалути и некои игри кои им носат средства се занимаваат и малолетници.

-Пред сѐ за финансиско работење е потребна лична карта. Со законот не е опфатено сѐ. Мислам дека границата е многу ниска за трансакциите. Ова не е нов закон туку се измени на постојниот закон. Можеби добра граница би била 3000 евра, вели Душко Гошевски.

Тој додава дека ќе видиме дали и банките ќе се вклучат во оваа работа оти во принцип големите банки се конзервативни, а засега само една помала банка е заинтересирана. Исто така е прашање оданочувањето. Новиот систем на УЈП е одлично решение и овие капитални добивки како што ќе биде третирано ова како нематеријален имот ќе се блежи – и како капитални добивки, но и како капитални загуби.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eighteen + 17 =