Гордана Димитриеска – Кочоска: Легитимно е барањето за предвремени избори

You must need to login..!

Опис

Дали политичката конфронтација ќе влијае врз економските движења или економските перфоманси на државата стануваат прилично драматични? Тука се поставува дилемата – што би постигнала ВМРО-ДПМНЕ со блокадата на Собранието. Дали „трвдоглавоста“ на премиерот за лидерска средба во овие деликатни ситуцаии може да генерира конфликност помеѓу власта и опозицијата.

На овие и други теми разговаравме во Утрински брифинг потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска – Кочоска.

-Сѐ уште верувам дека премиерот ќе се освести на некој начин и дека ќе имаме една лидерска средба како што доликува. Денес претседателот ќе има средба со пратениците во попладневните часови, каде што ќе се разговара околу блокадата, но сепак очекувам дека нема да стигнеме до блокадата, туку дека претседателот на ВМРО-ДМНЕ ќе се повика на разговор во Владата и дека ќе се изнајде решение за оваа криза, вели Гордана Димитриеска – Кочоска.

-Премиерот се однесува како да е на една Шведска маса и избира како што сака тој. Никаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, не кажа дека условот е само предвремени парламентарни избори. ТОј понуди четири различни тимови – образование, здравство, надворешна политика и економија, со цел да се помогне во воие услови кога Владата не знае што прави, туку само одиме кон полошо, вели Гордана Димитриеска – Кочоска.

Целиот разговор погледнете го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

20 − sixteen =