Горан Паунов: Фотоволтаичните системи стануваат реалност и реална потреба

You must need to login..!

Опис

Пиксел Груп е е високо технолошка компанија за производство и развој на монокристални и поликристални фотоволтаични соларни модули и фотоволтаични термални модули, основана во 2018 година. Таа е прва компанија од овој тип отворена во Северна Македонија.

Гостин во Утрински брифинг беше сопственикот на „Пиксел Груп“, м-р Горан Паунов.

-Денеска полниме четврта година како „Пиксел Груп“ произведува фотоволтаични панели. Јас предвидов како ќе се случуваат некои работи во наредниот период, имајќи ги предвит капацитетите на земјава, сончевите денови, но и техничките услови. Свесен бев дека во Македонија многу малку се има инвестирано во енергетските системи особено во системите за обновлива енергија.

-Денеска фотоволтаичните системи, особено за домаќинствата стануваат реалност, поточно реална потреба.

-И пред четири години техничките можности постоеа и постојат, но имаше административни пречки, свесни или несвесни опструкции.

-Интересот сега е зголемен, сега во секојдневните разговори една од главните теми се фотоволтаиците. Ситуацијата ќе се промени, на повидок е ново правно решение на досегашната бариера, а со тоа значително интересот ќе расте. Кај компаниите има технички можности да поставуваат инсталирана моќ онолку колку што им треба.

-Во земјава имаме над 200 компании, средни и големи, кои имаат инсталирано капацитет над 100 киловати фотоволтаични системи, а имаме најава во мај за инсталирање на нови 44 киловати, а до крајот на годината очекуваме да дојдеме до бројката 80 киловати, вели за УБ сопственикот на „Пиксел“ и енергетски стратег, Горан Паунов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 + 4 =