🎥 Горан Костовски – Индог: Пандемијата беше момент човештвото да се пробуди и да сфатиме дека не сме сами на светов

You must need to login..!

Опис

Поткастот е медиум кој што зема огромен замав последниве години. Долго време слушам за поткасти и остана идејата дека сакам да правам поткаст. Пред 13 години бев на радио но остана некако недокажано. Пандемијата направи процесот да го убрзам, изјави во Утрински брифинг графичкиот дизајнер и арт-директор Горан Костовски – Индог.

-Како што почна локдаунот јас си го натемпирав времето и почнав да ги снимам поткастите. Соговорници ми се борци за позитивно делување врз луѓето. Покрај илустрации на дневна база, сакав и менталното здравје да го ставивме во фокус, бидејќи не беше лесно седењето дома, вели Костовски.

-Поткастот во Македонија е многу млад медиум и мислам дека е нешто што допрва ќе се развива. Јас во иднина ќе се фокусирам на алтернативната сцена. Во принцип тоа ќе биде позитивното, ментално здравје, додаде Костовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × five =