Голубовска за УБ: Царината е корумпирана, секаков отпад може да влезе во земјава

You must need to login..!

Опис

Европските ревизори јасно кажаа колку се фрапантни бројките, но нашиот системски проблем е што немаме податоци на локално ниво, ние не знаеме што ни се случува – вели Јасмина Голубовска од здружението Зелен фронт. Државата не води статистика за тоа колку луѓе заболуваат и умираат како пследица од аерозагадувањето. Во цело Лојане луѓето се заболени, но нивниот глас не стигнува до медиумите и надлежните.

Во 2017 имаше истражување во селото Батинци, се појавија белодробни и канцерогени заболувања и кај мали деца. Луѓето не садат повеќе. Дрисла ја загадува и почвата и подземните води. Тие поднеле барање за интегрирана А дозвола иако немаат капацитет за третирање на толку отпад и без капацитети за рециклирање. Обвинителството не ангажираше експерти, на обвинителството му е должност јавно да објавува какви се истрагите по ова прашање. Не можеме да кажеме дека имаме доверба во Јавното обвинителство, не знаеме со кои методи истражувале и како мереле.

Прашана за изјавата на Макрадули, Голубовска вели дека за таква изјава бара оставка.

„Ваков однос за вакво прашање, со ваква реторика може да разговара со ВМРО, не може да разговара со граѓаните на таков начин. Тоа е практика којшто ја воведе ВМРО, да се спушти нивото на дискусијата на тоа ниво кадешто веќе не препознаваме одговорност – политичка одговорност. Макрадули е со години во политиката, мора да покаже малку почит“ – вели Голубовска.

Во соседството паднаа оставки за увоз на отпад од Италија. Ние не знаеме што се увезува во државава. Не може да кажеме дека царината е некорумпирана, тоа е смешно. Со оглед на корупцијата, се може да влезе во државава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − one =