Голема победа на Орбан во Македонија?

You must need to login..!

Опис

Еден партнер во Владата доживеа неуспех на изборите, а тоа е СДСМ, иако и ДУИ го загуби градоначалничкото место во Тетово. Најголем губитник на овие избори по СДСМ е Алијанса за Албанците која излезе понтонски мост за ВМРО-ДПМНЕ, вели за Утрински брифинг Љупчо Поповски.

-Ситуацијата не е едноставна за решавање. Опозицијата не очекуваше дека Заев ќе си достои на зборот за оставката што ќе им оставеше време да се преструктуираат. Но, Заев беше решителен и ги изненади, вели Поповски.

-Пред две недели имаше чудно соопштение од Американската амбасада кое произлезе од телефонски повик од некој од Алијанса. Дали некои структури од таа амбасада поврзани со опозицијата го протуркале тоа соопштение кое беше неточна информација, оти таму работат многу домашни вработени. Што понатаму да прават, Американците се во состојба на блага недоверба во тукашните структури, вели Поповски.

-Не знам дали е можно да се најде решение за наш влез во ЕУ до крај на годинава и покрај напорите на САД. Според мене не може. Ова ја става Бугарија во победничка ситуација, коментира Поповски.

Целата анализа погледнете ја во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × two =