Годишниот извештај на Народниот правобранител е во Собранието

You must need to login..!

Опис

-Факт е дека Владата и државните институции треба да реферираат кон Собранието и кон нас како институција за што е она што е исполнето од обврските кои произлегуваат од годишниот извештај, изјави за Утрински брифинг, Јован Андоновски, заменик Народен правобранител.

Андоновски вели дека ова не критика туку е во интерес на државата.

-Ако можам спортски да се изразам, играме за интересите на Македонија, нашата крајна цел е да ги подобриме состојбите во државата.

-Ние сме Уставна категорија, исто како што е Собранието, Претседателот, Владата, Судската власт, Народниот правобранител и Народната банка. Не сме ниту помалку, ниту повеќе од останатите институции. Дадена ние улогата да бидеме коректив на секоја онаа состојба каде што доаѓа до повреда на човековите права, вели Андоновски.

Тој за Утрински брифинг изјави дека за жал бројките кои што во континуитет се високи е показател дека состојбите не се добри и со години се повторуваат истите проблеми, во истите области.

-Ние континуирано даваме препораки до Собранието. Собранието ги усвојува, но Владата е таа и другите државни органи на кои што се однесуваат што треба да ги исполнат.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 + twelve =