Гогова Кочишки: Лидерството е особина што се гради и унапредува – заедништвото е рецепт за успех, македонските компании треба да ги следат светските трендови доколку сакаат да се развиваат

You must need to login..!

Опис

-Почнав да размислувам дали со моето интернационално искуство и моето унапредување постои можност за моите знаења и искуства да ги пренесам дома. Целиот план, визија, важно е секоја компанија да ја има, каде се гледаат во иднината и кои се чекорите да стигнат таму.

-Процесот на доигитализација и сите алатки ги искористив овде во Македонија, бидејќи ги имаме капацитетите во нашите компании дома, алатки кои кога ќе се имплементираат на вистински начи со тим од професионалци е добитната комбинација.

-Македонските компании што имаат меѓународни инвестиции им е наложено да ги користат овие алатки. Гледајќи напоредно на тоа македонските компании со домашен капитал ги препознаваат тоа и сега бараат искуство од професионалци и сакаат и тие да се дигитализираат. Некогаш потешко ги профаќаме овие промени но со дигитализацијата многу брзо се гледаат успесите, а кога ќе излезат на европскиот и светскиот пазар таму каде што ќе сакаат да го продадат својот производ ќе бидат препознаени.

-Последниве десетина години самиот менаџер не е во улога на шеф туку во улога на лидер, особина што се гради и надоградува и применува, подразбира што значи како лидер да ги мотивираш колегите да работат, а да се избегне систематизацијата на кадри која што ја имавме претходно.

-Тогаш како ќе ти кажеа така требаше да работис, а сега е важно и мислењето на вработените и сите компетентни кадри да кажат што мислат како е најдобро да се изврши одредена работа, вели за Утрински брифинг стратешкиот аналитичар за корпоративна поврзаност Сања Гогова Кочишки.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine − eight =