Гога Поп Георгиевски: Сите здравствени работници ќе ги покриеме со бесплатни визири

You must need to login..!

Опис

Во моментов имаме над 55 активни 3Д принтери. Во принцип оваа технологија и нејзината цена варира. Од хоби до професионални. Оваа иницијатива која не обедини е започната од Д-р Ненад Лазаров, Д-р Бојан Трајковски и Д-р Александар Каревски.

Тие тројца дошле до заклучок дека на Македонија и фали медицинска опрема, односно визири и ја покренале иницијативата на фејсбук. Тоа се рашири на социјалните мрежи и кон таа работа се приклучија оние кои што тоа го работат, изјави за Утрински брифинг, Гога Поп Георгиевски.

Еден визир со редизајни се штампа нешто повеќе од еден час. Се штампаат повеќе наеднаш. Не сме обврзани со бројка, се оди на доброволна база и досега имаме предадено над 1.000 визири до сите здравствени установи кои поднеле барање дека им е потребен.

Се се прави во координација со докторите. Тие го прават протоколот за дезинфекција и стерилизација на опремата, додава Поп Георгиевски.

Морам да кажам дека како што почна иницијативата така и се појавија голем број на луѓе и компании кои почнаа да донираат средства за оваа намена. Така што ние сега имаме доволно средства за да ја реализираме кампањата до крај и сите до еден здравствени работници да ги покриеме со бесплатен визир, рече Поп Георгиевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − seven =