Глигорова: Приватните банки ја држат во раце Македонија, ние ќе понудиме социјална сигурност

You must need to login..!

Опис

Како континуитет на нашиот граѓански ангажман, со кој успеавме да ја анимираме јавноста за проблематиката на должничкото ропство, дел од нас одлучи да го артикулира делувањето и во сферата на политиката, влегувајќи во политичкиот ринг на изборите 2020, изјави во Утрински Брифинг, Ана Глигорова граѓански активист од Движењето на слободни граѓани.

Глигорова семета дека дека влегувањето во Парламент ќе биде од голема важност за голем број граѓани кои се заробени во кругот на должничкото ропство, кои немаат правна, финансиска и социјална сигурност.

-Во периодот кога се мислeвме со која партија да настапиме, Граѓанско демократската унија едноставносо програмските цели, платформата,кадарот ни беше блиска на идеите кои ги имамае. Сеодлучивме да настапиме заедно, на овие избори како Движење на слободни граѓани и ГДУ.

Се залагаме за европски вредности, европска цивилизација. Тоа со Преспанскиот договор и евро-интеграциите е прилично завршен процес. Владата е онаа која што е главниот протагонист на Преспанскиот договор и сметам дека тоа е веќе завршена работа. Сега треба да влеземе во внатрешниот сектор.

Да ги решиме проблемите кои ни се наметнаа од внатрешен карактер, на кои заборавија властите. 30 години ни се провлекуваат тешки проблеми. Ние ќе отвориме една врата, еден дел од книгата каде се вели – Како работеа банките целиот овој период, бидејќи тие се главните артерии. Дојдовме до сознанија дека приватните банки ја држат во раце Македонија, нејзиното стопанство и животот на луѓето. Ние планираме да почнеме да го менуваме тој систем.

Колку е болно општетвото покажува и фактот на над 100.000 блокирани сметки на граѓани. Тие трансакциски сметки се нефункционални, тие луѓе се дефинитивно издржувани лица од некој во семејството.

Интенцијата е одблокирање на сметките и враќање на Народната банка како главен регулатор на платниот промет, а не само нем набљудувач на осиромашувањето на граѓаните. За економски развој може да се зборува само во случај кога граѓаните нема да бидат во кругот на должничкото ропство.

Граѓанскиот сектор во кој делуваме извојува неколку победи – намалување на тарифата за извршителите, намалување на одбитоците од плата или пензија.

Ние бевме единствениот политички субјект во екот на протестите предводени од Движењето на слободни граѓани кои што предложивме бесплатна правна помош за сите засегнати од тој процес, бидејќи во нашите редови имаме експерти и специјалисти кои што добро го познаваат тој проблем. Основната причина поради која ние влеговме во разговори и понудиве заедничка соработка со Движењето на слободни граѓани е тоа што веруваме во индивидуалните човекови права и слободи, изјави во Утрински брифинг првиот човек на ГДУ, Петар Колев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 + 17 =