🎥 Глигорова: Нудиме ослободување од должничкото ропство – над 200.000 блокирани сметки да се одблокираат

You must need to login..!

Опис

-Ако сакаме јака економија ние мора да имаме слободни трансакциски сметки. Имаме над 200.000 блокирани сметки тие мора да се одблокираат за да се почне да се размислува за економија. Практично треба ослободување од должничкото ропоство.

Враќање на извршителите во судството е дел од нашата програма, изјави Ана Глигорова, носител на листата во првата изборна единица од здружението „Движење на слободни граѓани“, а во коалиција со ГДУ.

Се бориме против банкарите кои имаат лихварски камати и нивно намалување до 1%. Откако човекот ќе ја плати главницата станува виртуелен роб на банките. Имаме кеш кредити со 200 до 300 посто камати што е страшно.

-Ова е борба против еден мафијашки систем во Македонија. Ние претендираме да влеземе во ЕУ и доколку ги решиме главните поглавја околу правосудниот систем ние со една нога сме во Унијата. Потребно е чистење на Закони кои се пишуваат од тајкуни, а не од граѓаните на Македонија, вели Глигорова која додава дека имаат подготвено „Скопски договор“ со кој како предуслов за идно коалицирање партијата која би сакала да ја води власта би морала да ги ослободи граѓаните од блокираните сметки и конечно да се излезе од „должничкото ропство“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × four =