Глигорова за УБ: Законски измени за наплата на долговите за социјално ранливите категории ќе важат и за предметите кои што веќе се започнати

You must need to login..!

Опис

Делумно барањата на невладините организации се прифатени. Исто така, делумно сме и ние и граѓаните задоволни од она наше барање што ќе биде имплементирано – а тоа е да не биде влечено 1/3 од приходот туку 1/5.

Според она што го прочитав вчера, се работи за сите оние кои се на граница на социјална издржливост. Тоа се оние кои имаат до просечна плата и до просечна пензија – за нив важи. Тие што имаат надпросечна плата и надпросечна пензија важи стариот закон – 1/3 од приходот, додека оние кои што земаат социјална помош се скроз изземени од извршувањата.

Законот за облигациони односи е променет, еден член е изземен, а се однесува токму на каматите. Изваден е членот пред распадот на СФРЈ, заради инфлацијата. Членот вели дека не смее каматата да ја надмине висината на долгот.

Во овој момент физичките лица добивааат астрономски камати.
Овие законски измени за наплата на долговите за социјално ранливите категории ќе важат и за предметите кои што веќе се започнати, изјави за Утрински брифинг Ана Глигорова еден од гласноговорниците за носење на овој закон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 3 =