Глигорова: Борбата за работничките права, чистење на правосудството како дел од ланчаниот систем на организиран криминал – приоритет за новиот политички субјект

You must need to login..!

Опис

Во дадениот момент ние размислуваме (група од граѓански активисти) за повторно политичко активирање. Тоа не е условено со локалните, може да биде и за парламентарните избори. Критичната маса на луѓе кои се заинтересирани за нов политички субјект е голема, маса на луѓе која не е задоволна од владењњето на политичките партии во овие 30 годиниизјави во Утрински брифинг Ана Глигорова, граѓанско-политички активист.

Бевме на минатите избори, но какао независен субјект во контекст на политичка партија. Сега би сакале да бидеме потполно независна листа бидејќи во моментот не гледаме заеднички точки со ниту една политичка партија во Македонија, вели Глигорова.

Имаме корумпиран, непотистички, безобразен правосуден систем, во кој владее организиран криминал. Сметам дека политиката ја диктира економијата. Ако немате добри политики вие нема да имате добра економија. Сметам дека поитикита и политичките односи ја креираат економијата. Политичката сцена е полна со криминалци за што сме сведоци. Македонија го смени името за да партиципира во тие преговори, но тоа се покажа како неуспешно. Членството во НАТО ја потврди таа заложба на владејачакта елита да влеземе во алијансата, но тоа се покажа како делумно успешно. Граѓаните се незадоволни. Секојдневно гледаме функционери кои ја злоупотребувале својата позиција, додава Глигорова.

Новиот политички субјект би бил лево ориентиран. Социјална држава, држава која ќе има во себе интернационализам, борба за силна социјална држава со елементи на социјалистички пристап. Политичките елети во моментот, односно оној лев блок кој се презентира е неолиберален, односно капиталистички. СДСМ е тајкунска партија која зависи од волјата на постоечките капиталисти. ВМРо-ДПМНЕ е партија во која имаме постоечки криминалци кои се на чело на партијата. Граѓаните тоа го гледаат.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 + 16 =