Гештаковска Алексовска: Бројките покажуваат дека жените трпат поголеми последици од пандемијата

You must need to login..!

Опис

Пандемијата на Ковид -19 ги извлече на површина нееднаквостите во општеството, за жал женте и ранливите категории се најпогодени од здравствената криза, смета Жаклина Гештаковска Алексовска, експертка за родови прашања при УНДП

„Статистичките податоци покажуваат дека жените се во поголем број меѓу оние што ги изгубиле своите работни места, жените се повеќе погодени во однос на професиите каде што тие се најзастапени а ги има многу во здравствениот сектор, во повеќе индустриски гранки. Исто така, жените го превземаа товарот на дополнителните обврски во семејството, грижата за членовите на семејството на кои им е потребна грижа, за децата кои не се во школските клупи. Значи поголемиот дел од тој товар падна врз жените и како држава би требало да преземеме чекори за посилна поддршка на жените за да се намали овој удар кој што тие го носат. Голем дел од жените кои работат во произведствените гранки, како текстилната индустрија, туризмот, други услужни дејности, останаа без работа, а дел од нив се поизложени на зравствени ризици, а сето тоа влијае врз семејствата, особено во помалите места, надвор од урбаните средини.

Мора да се истакне дека мерките што спроведуваат го ублажуваат овој удар, но има огромен број жени што го изгубија своето работно место и тука се најпогодени самохраните родители, од кои повеќето се жени, оние кои се во возрасна група од над 55 години и оние коишто се со пониско образование. Така на пример, според податоците од анализата на УНДП на социо економското влијание на пандемијата врз општеството, од нејзиното избувнување 24 488 жени ја изгубиле работата“, вели за Утрински брифинг, Гештаковска Алексовска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight + nineteen =