Гешоска: Дигиталната платформа за критичка култура ќе биде трезор на знаења и полемики

You must need to login..!

Опис

Здружението Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура својата веб страница ја претворија во отворена дигитална платформа за критичка култура со отворен повик до авторите да ги објавуваат своите текстови, интервјуа, прашања и полемики.

„Целиот контекст изминатата година не’ натера да ја редефинираме намената на веб страницата, која вообичаено има репрезентативен карактер, и да ја пренасочиме во форма на отворена дигитална платформа за критичка култура. Генерално, нашето застапување како Контрапункт и програмата што ја нарековме КРИК фестивал беше да се создаде една таква отворена платформа, наспрема она што сега го живееме како затвореност во себе и во однос на другите и сметавме дека сега е клучниот момент за вакво практикување и поврзување на идеите, визиите за современите, уметнички и културни практики, но преку нив и визиите за општествата кои многу потемелито би разговарале за заедници коишто се солидарни, емпатични и со емаципаторска визија за демократијата и демократскиот социјализам.

Воедно, нашата намера е да се создаде еден трезор кадешто ќе се акумулираат и разменуваат знаења, полемички мислења и ќе се поттикнува културата на критичка аргументација. Ние веќе соработуваме со „Културпункт“ од Хрватска, со „Белинер газете“ од Берлин и тоа е идејата – од ова чувство на затвореност во овој тнр. дигитален концепт на живеење да се создаде размена на мислења, идеи, да се поврземе, да се отвориме. Во дигиталната агора, а така и ја нарековме и една од нашите рубрики, се застапуваме за отоврена полемика во живо, но сепак сакаме да ги испитаме и ваквите хоризонти. Во регионот и пошироки веќе од поодамна се развиени ваквите платформи, а сега овде ние ќе се обидеме да го направиме тој чекор. Во овој период на заробеност, сакаме да ја прошириме нашата мрежа на соработници со цел да има што поголема циркулација на знаења, контра знаења, а тоа се оние знаења кои не можеме да ги добиеме преку мејнстрим патиштата на образованието, да поттикнеме луѓе од сите генерации да создаваат текстови, нови идеи за читање на културата, на општеството и концептите на демократизација“, вели за Утрински брифинг, Искра Гешоска, претседателка на Контрапункт и уредничка на КРИК – фестивал за критичка култура.

Таа додаде дека на платформата, на македонски јазик, меѓу другите ќе бидат објавени и текстови на светскиот познатиот филозоф Мартин Хеглунд, чијашто книга „Овој живот“, ја објави „Контрапункт“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five + 1 =