Герасимовски: Центар мора да се развива со еден хуман урбанизам – јавното добро пред се

You must need to login..!

Опис

Архитектката Даница Павловска Циги во Утрински брифинг неодамна говореше за проблемите што произлегуваат од парцелата на некогашната фабрика „Треска“. Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски за Утрински брифинг вели дека проблеми всушност нема.

-Немаме проблеми во комуникацијата, а госпоѓа Павловска е дел од партиципативното тело на општината. Во делот за „Треска“ кога станав градоначалник идејното решение беше завршено, но направивме состанок со општинските тела и инвеститорите. Имавме и состаноци внатре во службите на општината за да видиме како ќе продолжат активностите, вели Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар.

Центар мора да се развива, вели градоначалникот и додава дека мора да има хуман урбанизам и дека прво се гледа јавниот интерес, па потоа желбите на инвеститорите. Но, додава тој, „Треска“ е приватно земјиште.

-Мене ме чуди како Павловска, Пенчиќ и Белчевска досега не успеале да најдат решение по четири години. Сѐ што имаме е идејно решение. Анкетите се одамна поминати, а договорот со планерската група е раскинат и почнавме процедура за измена на ДУП-от. Следната недела ќе имаме тендер за избор на планерска група, вели Герасимовски.

Тој вели дека ако пред две години се сменел ДУП-от сега веќе ќе можело да се работи на локацијата. Инвеститорите го купиле тоа земјиште и можат да ја тужат општината со што општината ќе биде блокирана. Од друга страна, активистите велат дека во Центар треба да се престане да се гради.

-Во Центар нема веќе парцели, освен Холидеј Ин и Треска и неколку помали парцели. Ние пред да издадеме каква било дозвола прво вршиме увид на терен, да провериме дали има дрвја и слично. За Треска партиципативното тело побара да има презентација на идејното решение и ние ќе го сториме тоа. Следната недела пак ќеразговараме со инвеститорите во обид да најдеме заедничко решение, вели Герасимовски.

Во врска со парцелата кај Холидеј Ин има граѓани кои се заинтересирани да си горешат станбеното прашање, а сега живеат во куќи на таа локација во субстандардни услови. Градоначалникот вели дека проектот е нешто изменет, а локацијата мора да се урбанизира.

Целиот разговор погледнете го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 + 16 =