Ѓорѓиев: Ме радува фактот дека се повеќе луѓе појавуваат интерес за кикбоксот

You must need to login..!

Опис

Викендов имамавме кик бокс турнир „Балкан бест фајтерс“ во Јагодина. Нашите кикбосерите од македонските клубови освоија 29 медали (9 златни, 5 сребрени и 15 бронзени). Нашиот ас Димитар Ѓорѓиев во финалето до 86 килограми во лоу кик против Милош Јанковиќ од Србија извојува победа на поени.

Како и во сите спортови и во кикбоксото овој период не се случува ништо посебно. Мора само да тренираме и да се надеваме што е можно побрзо да заврши пандемијата, изјави во Утрински брифинг кикбоксерот Ѓорѓиев и додаде дека е добро што во Македонија има многу јуниори кадети.

-Перцепцијата се менува и ме радува што и се повеќе девојки се занимаваат со овој спорт, вели Ѓорѓиев

-Боречките спортови во светот растат. Имаме многу интересни борби, луѓето се повеќе го гледаат кикбоксот. Сметам дека треба многу подобро да работиме на маркетингот. Имаме клубови во секој град. Имаме спортисти кои редовно се натпреваруваат. Постојат планови со федерацијата каде ќе се афирмираат спортистите, а и онакви натпревари каде борците и финасиски ќе се помогнат, вели Ѓорѓиев.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 + one =