Георгиевски: Јубилејот на Славко Јаневски се одблежа само со три книги, мора да научиме дека нашите херои се од нашата култура

You must need to login..!

Опис

Во текот на 2020 година, ниту една институција во земјава не направи позначајно одбележување на 100-годишнината од раѓањето на писателот Славко Јаневски и 20-годишнина од неговата смрт, вели Ѕвездан Георгиевски, новинар и претседател на Фондацијата „Славко Јаневски“.

„Мора да научиме дека нашите херои се од нашата култура и многу со радикален по тоа прашање. На пример, што направил повеќе Питуа Гули од Славко Јаневски за нашата култура? Минатата 2019 година се навршуваа 100 години од раѓањето на Владо Малески и не можам да се сетам дека некој воопшто го спомна. Јубилеите се само повод, ние еднставно не се грижиме за гранката на којашто седиме. Ако во некое средно училиште прашате кој е Владо Малески, не верувам дека децата ќе знаат да ви кажат, ако во книжарниците низ Македонија побарате дела од Владо Малески – нема да најдете. Од Славко Јаневски има две, три затоа што Фондацијата ги објавува на мускули. Тој некако влегува во фокус и преку политиката и преку Фондацијата.

Драго ми е што има реакции на мојата колумна во „Призма“ и од Град Скопје и од Министерството за култура и драго ми е што е така, бидејќи треба да се сетат тие што с еплатени да се сетат што е вистинската културна вредност и што е вистинскиот идентитет на оваа нација“, вели за Утрински брифинг Ѕвездан Георгиевски, новинар и претседател на Фондацијата „Славко Јаневски“. Тој објаснува дека на 11 јануари, годинава Фондацијата положила цвеќе на споменикот на Јаневски .во паркот „Жена борец“ и се одржало литературно читање.

„И тогаш реков дека продолжува лустрацијата на Славко Јаневски бидејќи и та читање не беше поддржано од ниеден државен фонд, туку на сметка на семејството Јаневски и Фондацијата, а веднаш потоа се укина доделената помош за наградата „Роман на годината“ од Град Скопје. На 15 јаунари градоначалникот Шилегов на прес конференција кажа дека 2020 година е година на Славко Јаневски, рече дека една градска библиотека и една улица ќе се именуваат според писателот Јаневски и дека ќе биде направен мурал. Тие одлули поминаа на на советот на Град Скопје и не гледам зошто короната спречи да се направи тоа“, додава Георгиевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − 9 =