Георгиевски: Субвенциите што би се дале за земјоделските култури да бидат во полза на зголемување на производството

You must need to login..!

Опис

Двата столба на европската прехрана житниците во Русија и Украина и особено вештачките ѓубврива од Русија стануваат прилично проблематични за да се потпре континентот, вклучувајќи ја и Македонија.

-Темата е сложена во однос на тоа дека сега е пролетната сеидба. Не знаеме што ќе се случува во однос на земјоделието, бидејќи вештачкото ѓубриво е 300% поскапо од пред кризата, така што земјоделците се обесхрабрени и ќе треба да се влијае многу позитивно за тие да влезат во процесот на одгледување на житните култури оваа пролет.

-Имаме среќа што есенската веќе е завршена и наредната година со тоа ќе биде во ред, но пролетва со сите овие случувања, односно со енергетската криза, како и со вештачкото ѓубриво работите се усложнуваат.

-Русија и Украина се произведувачи на околу 30% житните култури и притоа се огромни извозници, така што доаѓаме до комплексна тема што треба да се менаџира од ден во ден, изјави за Утрински брифинг, Горан Георгиевски сопственик на „Специјал“ и потпретседател на Сојузот на стопанската комора.

На прашањето дали можеме да го зголемиме капацитетот на домашните посеви во производи на домашна пченица и дали може да се зголемат површините со засадени житни култури Георгиевски вели дека постои проблем, а тоа што тој што треба да ги засади житните култури не е само да ја има земјата.

-На тракторот треба да му се стави нафта. Треба вештачко ѓубриво пченицата и јачменот да го прехрани. Ако овие цени на влезните параметри ќе значат дека излезната цена ќе ве обесхрабри да садите култури, вели Георгиевски.

-Сржта е да се обезбеди нафта, вештачко ѓубриво, семенски материја по адекватни цени за да се има профитабилност, смета Георгиевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

20 + one =