Георгиевски: Охридскиот регион треба да живее во синергија со заштитата, со природата и со културното наследство

You must need to login..!

Опис

Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите Нации (УНЕСКО) препорача отстранување на подрачјето околу Охридското Езеро на албанска и на македонска страна да се отстрани од Списокот на светско културно наследство.

Огранизацијата побара отстранување и на крајбрежјето на Ливерпул од Списокот на светско наследство, поради опасност од „прекумерен развој“ на урбанизмот. За местото се вели дека е „сопственост предложена за отстранување од списокот на светско наследство“. Овој потег на светската агенција разгневи многумина во тој северозападен англиски град.

И Долината Катманду во Непал е предложена за вклучување во Листата на светско наследство во опасност, како и подрачјето околу Охридското Езеро на албанската и македонската страна. Тоа значи дека постои опасност целосно да се отстранат од тој список.

Препораките, УНЕСКО ги објави пред состанокот на Комитетот за светско наследство, којшто го следи одобрувањето. Средбата ќе се одржи во Фужоу, Кина, од 16 до 31 јули.

Во извештајот се предложени и Големиот Корален Гребен на Австралија, Венеција и Будимпешта – да бидат вклучени во списокот „Светско наследство во опасност“. Учесниците на состанокот ќе донесат конечна одлука за предлозите за бришење и предупредување.

-Дел од овие загрозувања особено кога се природните локалитети во прашање се резултат и на климатските промени. Венеција во 2012 имаве серија од поплави кои за млаку ќе ја уништеа венециската лагуна. Такви поплави не се природна појава во Венеција и се утврди од италијанските експерти дека ова е дел од процесите кои ќе ги очекуваме и во иднина. Ист е сучајот и со коралниот брег во Австралија, изјави во Утрински брифинг, Христијан Георгиевски, советник на премиерот Заев и експерт за темите поврзани со УНЕСКО.

-Првиот чекор мора да се направи во земјата коај е номинирана. И при номинација првото што им се кажува во земајта е размислете дали ова ви одговоара. Ќе иамте огромни обврски, а ќе иамте голем притисок и наплив псоебно од аспект на туризам, на забрзан развој и урбанизација во истите. Кога веќе ќе биде вклучено ова, тогаш УНЕСКО дава серија на рестриктивни параметри со кои мора да се менаџира, како што е број на туристи на годишно ниво, што значи дека и не мора да одговра да дојдете на листите н УНЕСКО. Обврските се преголеми и треба многу внимателно да се размислува, вели Георгиевски и додава дека УНЕСКО е јасно, доколку сте на листата на светско културно наследство обврската е дека ќе го презервирате како што е во моментот на запишување.

-Охрид, Струга и Поградец кои го сочинуваат охридскиот регион се живи места. И тие живеат и наш интерес е да живеат во синергија со заштитата, со природата дадена од Бога и со културното наследство кое го створиле нашите предци. Тоа е духовен и културен центар на сите граѓани на државата, без оглед на етникумите и верската припадност. Ние не треба и не смееме да направиме мртов град или регион, туку да живееме во синергија. Илјадници такви мали градови низ Италија, Франција живеат во таква синергија, со голема гордост и висок квалитет на живот, вели Георгиевски.

Целиот разговор со Георгиевски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × one =