Георгиевски: Обвинувањата на Арсовски се тотална небулоза

You must need to login..!

Опис

-Во изминативе три дена ги пратам изјавите на Димче Арсовски како портпарол на ВМРО ДПМНЕ. Во недостаток на капитални проекти на нивните градоначалници во изминативе 100 дена, обвинувањата треба да бидат некаков бенефит за нивната неспособност, изјави за Утрински брифинг Борис Георгиевски, поранешен градоначалник на општина Гази Баба.

-Арсовски треба да влезе кај нивниот градоначалник во општината, а не да дава сомнеж и прашалници од типот – дали постојат или не налози, бидејќи такви договори постојат, потпишани се, рекапитулирани се и исплатени. И тука работите мора да бидат јасни: Станува збор за сосема две различни работи – едно е тековно оддржување на уличното осветлување и имплементација за ЛЕД паметно осветлување.

-Кавадарци на истиот начин, Градот Скопје го има имплементирано ова. Тоа е се со цел да се направи паметна општина за да се намали цената на струјата која што се плаќа како улично осветлување. Вистина дека инвестицијата е висока и треба да се врати во рок од три години, но долгорочно заштедата е некаде околу 70% од сегашната сметка што доаѓа.

-Да не заборавиме, Димче Арсовски треба да провери зошто мојот колега Боби Стефковски за 2022 година со истата фирма има предвидено преку 20 милиони за тековно оддржување на линиите, изјави Георгиевски околу обвинувањата на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three × four =