Георгиевски: Комплексот Железара мора да се реши, таму нема да се гради тешка индустрија

You must need to login..!

Опис

Нема 60 години ниту еден детален урбанистички план за комплексот Железара освен овој што го донесовме ние. Комплексот опстојува 60 години во државата, а никој не се запрашал за него, вели градоначалникот на О.Гази Баба, Борис Георгиевски во Утрински брифинг, по вчерашната тензична атмосфера во општината за ДУП-овите за блок 2,3 и 4 од С 17 во Гази Баба.

Неколку присутни вчера обвинија дека со усвојување на ДУП-овите ќе се создаде еколошка катастрофа, но Георгиевски вели тешка индустрија во овој комплекс не можен.

„Тој е околу 400 хектари површина и нашата цел е во тој простор, заедно со Министерството за животна среда, да работиме со Г2, Г3 и Г4 односно незагадувачка индустрија. Немаме можност намената на Генералниот урбанистички план од 2021 да ја смениме. Г1 таму не може да се реализира, туку само Г2, Г3 и Г4. Ппштина Гази Баба или било која општина во градот Скопје, не може да направи дислокација на што е старо 60 години. Државата ќе има проблем да се соочи со предизвикот Железара. Прашањата како овој комплекс треба да се решаваат не да се ставаат под тепих. Мојот предизвик е јасен: дадената состојба само ја уредуваме и нема да дозволам да се прават политички трикови“, вели Георгиевски.

Како што вели тој, жали за вчерашната тензична расправа каде не можело да се слушне делот на јавното мислење но смета дека проблемите датираат од пред десетина години.

„Јас сум секогаш за здрава и хумана средина за живеење. За да се реализира квалитетен простор, треба да се анализира постоечката состојба, плановите од повисок ред и да се дадат предлог-концепт кој нуди реализација. Големата слика е во Генералниот урбанистички план на град Скопје од 2012 година. Бев тогаш советник во Гази Баба и имавме 3.500 забелешки на ГУП-от во кој беше и делот со Железара и ниту една забелешка не беше прифатена. Јас сега ја разбирам загриженоста на невладините организации и на партиите. Мораме да имаме јавна расправа, таа ќе продолжи со стручни аргументи“, рече Георгиевси во Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + 19 =