Георгиевски: Добра анализа после Египет, план, програма и ситемска работа за да не ни се случи ова што ни се случи на СП

You must need to login..!

Опис

Навистина ми е жал што не бев во репрезентацијата на ова Светско првентство. Бев позитивен на корона, па претстанавме со тренинзи, не бев физички подготвен и морав да го отстапам местото на друг, изјави во Утрински брифинг ракометарот Гоце Георгиевски.

Овој настап на СП според резултатите не може да се рече дека е добар. Знам како им е таму на момците, знам дека не им е сеедно. Но што е тука е, реално резултатите беа под очекувањата. Сега треба да легнат работите, да се направи добра анализа, да се види кај е проблемот и да не ни се случи ова што ни се случи во Египет, вели Георгиевски.

Ракометот беше број 1 спорт во Македонија. Мора да е ова мотив за да се вложува во него. Мое мислење е дека прво треба да работат клубовите со децата, треба да се насочат кон вистинскиот пат, да знаат што работат, да бидат насочени во спортскиот живот. Тука е првиот чекор за поголеми успеси. Имам таленти, имаме играчи, само треба да се најде вистинскиот систем на работа, смета Георгиевски.

Целиот разговор со ракометарот Гоце Георгиевски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − 5 =