Георгиевски во Скопски агол: Поддршката од граѓаните е клучна за следните локални избори

You must need to login..!

Опис

Успешно се реализира хуманитарната акција „Месец на хуманост – Гази Баба се грижи”, која општината за прв пат ја реализира со цел да им помогне на социјално загрозените семејства.

-Акцијата започна на втори октомври и ќе трае до втори ноември, собрани се 1.000 гилограми прехрамбени продукти, повеќе од 150 кг. облека, 250 кг. хигиенски средства, мебел, производи за нега на бебиња, кои им се дистрибуираат на социјално загрозени семејства. Во акцијата се вклучија голем број личности од јавниот живот и политиката, но и граѓаните од општината. За да отидат овие средства во вистински раце, соработуваме со здруженијата „Љубезност“, „Сите сити“ и Црвен крст, кои ни овозможуваат да ги добиеме податоците за социјално ранливи семејства и да ги доставиме, рече Георгиевски.

За реализација на онлајн наставата во Гази Баба недостасувале 868 помагала, кои општината ги обезбедила преку свои средства и донации. -Заклучно со денешниот и утрешниот ден можам слободно да кажам дека се обезбедени таблети и лап топ компјутери за учениците. 350 таблети обезбедивме од заштедата од Буџетот на општината, 310 таблети донираше Кинеската амбасада, а останатите ги донираа општествено одговорни компании, објасни Георгиевски. Во завршна фаза е детската градинка во Стајковци.

-До крајот на ноември градинката ќе биде готова, додека мебелот и опемата треба да ја обезбеди министерството за труд и социјална политика. Очекуваме дека по новогодишниоте празници детската градинка во Стајковци ќе биде пуштена во употреба. Паралелно работиме на два идејни проекти со кои аплицираме за две нови детски градинки, во Трубарево и во Керамидница, а во техничка подготовка се и градинки во Сингелиќ и Инџиково, рече Георгиевски. Тој нагласи дека од голема важност е поддршката од централната власт.

-Од голема важност ни е поддршката од Централната власт. Од Бирото за регионален развој сме во завршна фаза на третиот пат од Бутел кон Раштак во должина од 5 километри. Работиме на изградба на фекална канализација во населеното место Гоце Делчев и Јурумлери, во Трубарево веќе сме при крај на третата фаза. Во населба Железара ќе се прави Дневен центар за деца со пречки во развојот, а во Стајковци ќе правиме спортска сала, за која наскоро ќе објавиме тендер. Во однос на подготовката за локалните избори во 2021 година, Георгиевски рече дека поддршката од граѓаните е клучна.

-Поддршката од граѓаните е клучна за успех на работењето на општината, имаме започпнато многу проекти кои се во завршна фаза, и проекти кои ќе ги реализираме следната година. Локалните избори се сеуште далеку, рано е да се каже како ќе се одвиваат работите, нагласи Георгиевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 + 2 =