Георгиева: Културата на насилство е присутна и кај нас, не извлековме поука од војните во поранешна СФРЈ

You must need to login..!

Опис

Во светло на трагичните настани во Украина, особено во предградието на Киев, Буча, за тоа кои се институционалните дефинирани форми на геноцид во Утрински брифинг разговаравме со проф. Лидија Георгиева, од Филозофски факултет.

-Дефиницијата за геноцид е определена од ОН и од пресудите на МКС за поранешна Југославија. Тоа значи употреба на насилство врз одредена група луѓе со цел таа група да се уништи и да престане нејзиното постоење, вели Георгиева.

Таа појаснува дека геноцидот е една од најтешките форми на злосторство затоа што е организирана, таргетирана кон одредена група за остварување различни цели. Во однос на состојбите во Буча, ОН ги осуди настаните но постојано го употребува терминот „можен геноцид“ затоа што ова насилство врз цивилите не е испитано од независен извор. Претставничка на ОН исто така предупреди за можно будење на сентиментите на Балканот во однос на поранешните војни и изрази стравување дека тоа може да се повтори.

-И воените и платеничките формации подлежат на правото за воени конфликти. Ако го споредиме ова во Буча со геноцидот во Руанда таму имавме 500-800 илјади жртви, но таму стануваше систематско насилство од малцинството врз мнозинството. Бидејќи нема културни разлики меѓу Хуту и Тутси во Руанда тоа го прави случајот на Руанда многу специфичен. Има и други случаи како Сребреница, но и многу други кои не се изнесени во јавноста и пред МКС, вели Георгиева.

За Буча засега не е излезено во јавноста никакво видео иако и Украинците и Русите тврдат дека имаат. Професорката Георгиевска ова го коментира со информации и дезинформации. Кога станува збор за цивилни жртви потребни се дополнителни информации. Обете страни намерно објавуваат поголеми воени жртви за да го подигнат моралот. Од друга страна, кога станува збор за цивилни жртви тие мора да бидат потврдени со изјави и докази дека некој е жртва на насилство и каков вид насилство, анализира Георгиева.

-Колку што знам Шведска формираше независна комисија која прибира изјави од бегалците и нивните изјави секако ќе биидат дел од доказниот материјал за истрагата за случувањата во Буча, вели Георгиева.

Според меѓународното право ова се дефинира како вооружен конфликт, какви што имаше многу по Втората светска војна. Поделбата се движи на вооружени конфликти помеѓу држави или во самата држава, појасвува Георгиева.

-Сеедно е дали ќе кажеме воена операција или вооружен конфликт. Дефиницијата на СИПРИ јасно дефинира дека платениците што учествуваат во војните а кои се под контрола на владата се учесници во војна но при заробување не спаѓаат во воени заробеници за разлика од регуларната војска, вели Георгиева.

Културата на насилство е присутна многу повеќе одошто очекуваме дека војните во поранешна Југославија е страшна и остава жртви и последици, коментира Георгиева за поддршката на војната на овие простори.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eighteen − eleven =