Генерал Хаџи Јанев: Путин сега виде дека не е лесно да се побeди народ

You must need to login..!

Опис

Војната во Украина се развлече многу подолго од очекувањата, а особено од руските очекувања.

-Ова е најеклатантен пример дека фрикцијата на војната е тешко предвидлива. Прво што се знае е дека првичниот план секогаш пропаѓа, но затоа треба да се има резервни. Јасно е дека никогаш не може да се победи народ и тоа сега ѝ стана јасно на Русија. Ова е многу чудно за Русија, според она што самата го презентираше но и според западното разузнавање, а имајќи предвид дека руската армија и нејзиното оружје е далеку над украинската. Се вели дека во Украина се пуштени регрути, главно од областите на Руската Федерација со муслиманско население, што е чудно, вели генерал проф. д-р Методи Хаџи – Јанев за Утрински брифинг.

Генералот додава дека на војниците не им се војува, моралот е на многу ниско ниво, а освен тоа на самиот почеток на војната војниците не ни беа свесни каде се наоѓаат. Војниците, па и генералите користат руски СИМ картички што овозможува нивно лесно лоцирање, што би требало да биде прва работа што ќе се забрани, додава Хаџи Јанев.

-Постои голема диспропорција кај руската војска што ја видовме во Сирија и сега во Украина. Имаме ситуации на пукната гума од неупотребување, а не затоа што била погодена од куршум. Материјалите од кои се направени борбените средства е лесни и евтини и или станува збор за корупција или за сериозни пропусти во набавките, вели генералот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 × two =