Генерал Стојановски: Не треба да се срамиме од нашата армија, треба да се гордееме со неа

You must need to login..!

Опис

Во Македонија ретко се разговара за суштината на формалното членство во НАТО, а особено за редовниот самит на НАТО што ќе се одржи кон крајот на јуни во Мадрид на кој ќе се донесе сосема поинаков стратегиски концепт на Алијансата.

Во стариот концепт донесен во Лисабон во 2010 година Русија сѐ уште се споменува како потенцијален соработник во безбедносните политики, а Кина не се споменува како предизвик ниту пак технолошкиот развој во контекст на безбедносна смисла. Оттогаш, работите се променија.

-Стратегискиот концепт е клучен документ за Алијансата. Алијансата води сметка за безбедноста на земјите членки и тоа е заедница во која се битни четири вредности поврзани со владеење на правото и слободата. Пред и по донесувањето на стратегискиот концепт во 2010 година политиката и безбедноста се променија. Концептот е водич за настапувањето и развивањето на НАТО во следниот период, па затоа во изминатите години се носеле различни документи. Сега овој документ за концептот не е повеќе доверлив туку е транспарентен, вели генерал потполковник Мирослав Стојановски, поранешниот началник на Генералштабот на Армијата, за Утрински брифинг.

Тој додава дека концептот се базира врз искуствата од претходниот период и претпоставките за развојот во следниот период. Во меѓувреме, посебно со проширувањето од 2004 година кога во НАТО влегоа земјите од Источна Европа, се променија околностите со менувањето на границите на НАТО. САД ги одржуваат тесните врски со Европа и на некој начин се европска сила на европска почва. Ова се поставките на стратегискиот концепт од 2010 година и штета е што многу малку точни предвидувања имало, вели за Утрински брифинг генерал Стојановски кој додава дека состојбите не само што се променети туку се променети драматично.

-Во една нова безбедносна реалност, стабилноста е сериозно нарушена. Во 2014 година се случи анексијата на Крим и избувнување на сепаратистичките движења во источна Украина. Сега Русија со глобални рамки е безбедносна закана, а НАТО користејќи ги своите алатки мра да изнајде начин да се справи со ова и превентивно да влијае да нема проширување на воениот судир во Украина. Путин веќе испраќа јасни пораки дека примена на сила е можна и постои опасност од насилна промена на државни граници, како и дека Русија е заинтересрана да го прошири полето на интерес со сите средства да влијае во други земји, вели генерал Стојановски.

За нападот на Русија врз Украина генералот вели дека оваа операција има ограничена цел за навлегување и заземање територија на Украина каде што ивее и руко население, а истовремено на подолг рок да се уништи економскиот потенцијал на оваа земја.

-Сето ова е искористено да се влијае на светската економија, за што сме сведоци денес, вели генералот.

Тој предвидува дека поголем развој на настаните не очекува во смисла на употреба на нуклеарно оружје оти тука жртвите на двете страни ќе бидат преголеми и во инфраструктура и во човечки потенцијал.

-Новиот концепт на НАТО споменува еластична демократија, термин кој се однесува на кибербезбедноста и ширењето дезинформации. Потоа, се споменува Кина како предизвик оти тоа е голема сила со големо влијание во Пацифичкиот простор. Следно се односите меѓу НАТО и ЕУ како и контролата на нуклеарното оружје, вели генерал Стојановски.

Тој додава дека од 2014 доо 2021 година буџетите за одбрана на земјите членки на НАТО се зголемени за 4 до 5 проценти. САД има поголем воен буџет од првите 20 земји членки на НАТО заедно, а Русија има далеку помал буџет.

-Ние станавме пристрасни, не користиме факти. Но фактите велат дека буџетот на НАТО е огромен, а НАТО е најуспешен воен сојуз во историјата на човештвото. Ова што Русија денес го применува во Украина САД го применуваа пред дваесет години. САД со сојузниците со својот потенцијал и технологија може да одговори на предизвиците, коментира генерал Стојановски за потенцијалот на НАТО за справување со бебедносните предизвици во земјите членки и партнери во кои живеат речиси милијарда луѓе.

Македонија е најмладата членка на НАТО, но има децениска соработка со НАТО.

-Ми пречат омаложувачките коментари па дури и на официјални лица за потенцијалите на македонската армија. Ние сме мала држава, но сега како полноправна членка можеме да седиме на иста маса со големите членки, тој клуб на привилегирани земји, и можеме да го изнесеме нашето мислење. Ние сме дале огромен придонес за НАТО во мисиите и тоа бее една од главните препораки за нашето влегување во Алијансата. Нашата Армија е добро обучена и со искусен персонал и никогаш не сме се посрамотиле кога сме оделе во мисија, иако имаме помалку софистицирана опрема, вели генерал Стојановски.

Во новиот стратегиски концет се појавува и нова мисија, вели генералот и појаснува дека Русија се покажа оти може да врши кибернапади па дури и да влијае на избори во големи земји како што се САД.

-Ова што се случува и во Бугарија многу придонесува ваквите закани да опстојуваат во овој регион, па затоа Бугарија требаше да покаже дека е вистинска членка на НАТО а не да балансира на обете страни, коментира генерал Стојановски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

12 + 5 =