Генерал Ангелов: Уличните борби се страшни, дури да завршат преговорите ќе умрат многу луѓе

You must need to login..!

Опис

Еден од аспектите што треба да се разгледа во врска со кризата во Украина е што ќе следува потоа. Вројатно следно се уличните борби, кои се многу опасни.

-Војната е сурова кога гледаме на телевизија, а уште посурова е кога некој е внатре. Дури кога некој ќе искуси смрт на близок во војна ќе ја сфати целата ужасност. Нема оправдување за нападот врз Украина. Сѐ додека има моност за политика, а имаше, не смееше да дојде до воен напад, вели за Утрински брифинг Стојанче Ангелов, шеф на Центарот за управување со кризи.

Првичната еуфорија дека ќе се направи блиц криг се распрсна како меур, вели Ангелов и додава дека не е битно што руската војска е надмоќна, оти голем број од нив се регрути. Држава која има 44 милиони луѓе не може да се нападне со 150 илјади војска, вели Ангелов.

-Урбаното војување е кошмар и за тие што бранат, а особено за оние што напаѓаат. Голем дел од луѓето во Киев ќе останат оти немаат каде да одат. Со секој изминат ден паѓа поддршката на проруските Украинци па дури и кај Русите за воената интервенција, вели Ангелов.

Ангелов објаснува дека предноста што ја има неспорно моќната руска армија се губи на улиците. На улиците не може да се маневрира со тенковите кои треба да дадат поддршка на пешадијата.

-Таму каде што нема да згазне војничка чизма местото не е освоено. Но, тоа значи загуба на човечки животи. Дури и оние кои не се храбри, немаат избор, ќе земат пушка и ќе се бранат, вели Ангелов.

Тој вели дека предноста на оние кои живеат на местото се во предност оти го знаат теренот.

-Денес сите имаат мобилни телефони и снимаат цивилни жртви. Снимките делуваат демотивирачки на напаѓачите оти и тие не сакаат војна, вели Ангелов.

Претседателот Зеленски не крие дека е во Киев. Ангелов вели дека дури и целта да е да се убие украинското раководство, тоа ќе биде заменето и отпорот ќе продолжи. Бројот на загинати за урбани битки е 1 спрема три, еден одбранбен војник на тројца напаѓачи.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

thirteen + twelve =