Генералниот секретар на ДИК Јанчев за УБ: Некој се обидел да го направи мозаикот и да ги сложи коцките, но не го направил тоа како што треба

You must need to login..!

Опис

Во тек се последните подготовки за изборите за градоначалник на две општини. ДИК е спремна како и секогаш. Заврши јавниот увид и согласно Изборниот законик ги очекуваме извештаите од МВР за лицата кои ќе наполнат 18 години на денот на гласањето и тоа е последната активност што се однесува на Избирачкиот список и со тоа го завршуваме целиот подготвителен процес, изјави во Утрински брифинг генералниот секретар на ДИК, Добре Јанчев.

За мерките за претпазливост со оглед на ковид состојбата е надлежно министерството за здравство односно Комисијата за заразни болести. Само за потсетување за време на предвремените парламентарни избори, ДИК во целост ги спроведе сите зададени протоколи и норми за гласање. Горди сме на фактот дека и покрај многу зли јазици, после изборите немавме кластер од изборите. Истото мислам дека ќе биде и сега и нема простор за вознемиреност, вели Јанчев.

Говорејќи за хакираниот систем на ДИК и дали Штип и Пласница одат на избори со иститот софтверски систем и преземено ли е нешто како заштита, Јанчев вели дека имаат решенија за спречување истото да се повтори.

-ДИК не беше цел на напад со намера да се одземат податоците и понатаму да се манипулира со нив. Веб страната на ДИК беше предмет на ДДОС напад. Од повеќе места беше пуштен сообраќај за да се загуши системот. И беидејќи имавме загушена веб страна ние преку јутјуб каналот ги пуштавме резултатите. Работиме на дополнителна заштита за овие избори. Ги имаме софтверските решенија и очекувам дека овој пат ќе биде поинаку.

Говорејќи за кривичната пријавата до претседателот на ДИК, Јанчев вели дека некој се обидел да го направи мозаикот и да ги сложи коцките, но не го направил како што треба, без притоа да навлегува во дополнително објаснување. Вели дека има институции и пријави, но тоа не значи и не смее веднаш човекот да биде ставен на клада.

-Пресумцијата на невиност мора да постои, додава Јанчев.

Целиот раговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 3 =