Гелевски: Книжевните конкурси внесуваат нова енергија и го одржуваат креативното здравје

You must need to login..!

Опис

Издавачката куќа „Темплум“ по петнаесетти пат го распиша конкурсот „Новите!“, за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик и по трет пат го распишува конкурсот за наградата „Лифт“, за македонски стрип.

„Сакаме да ги охрабриме да експериментираат особено младите луѓе, иако имавме и повозрасни што конкурираа, пред неколку години наградата Ѕвездан Георигиевски, на пример, затоа што немаме ограничување на возраста. Конкурсот е хетероген, плурален и честопати такви се и ракописите. Што се однесува до наградата „Лифт“ за стрип, тој е отворен за сите жанрови, имаме ограничување само дека треба да биде до 16 странци. Најдобрите што ќе пристигнат на конкурсот ќе ги објавиме во книга и се надевам дека во иднина ќе расте и квалитетот на стриповите што конкурираат и со тоа ќе го подигнеме нивото на сцената. Многу ни е важно да ги одржуваме овие конкурси баш и во таа социјална и општествена смисла.

Со годините нам ни е тоа сè поголема обврска, но многу ми е важно да го одржуваме, поттикнуваме, да го негуваме тој општествен пламен, тоа што ужасно ни недостига, особено во пандемијава, но и претходно. Ова се мали островца, жарчиња коишто емитуваат барем минимална енергија за некој што сака да се занимава со нешто квалитетно и здраво и тоа е важно за одржување на психичкото, менталното и креативното здравје. Тоа е причината што опстојуваме, истата заради која и правиме книги во средина во која речиси никој не чита“, вели за Утрински брифинг, Никола Гелевски, главен уредник на издавачката куќа „Темплум“.

Тој најави и формирање на ново здружение на издавачи кое има цел да влијае во процесите на креирање на политиките во издаваштвото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + 18 =