Гаши: Носителите на нашите листи и идните функционери ќе бидат луѓе без криминално досие

You must need to login..!

Опис

Овие два-три дена ќе ги привршиме листите. Во среда имаме состанок на ншето ЦО- највисокиот орган во партијата. Денеска привршуваме со мали консултации со нашиот коалиционен партнер и за два дена мислам дека ќе ги привршиме сите работи навреме, изјави во Утрински брифинг Африм Гаши, претседател на Алтернатива.

Околу можната коалиција со некоја македонска партија Гаши вели дека се уште немаат разговарано со ниту еден политички субјект околу ова прашање и дека најбитно им е како коалиција во албанскиот блок победата.

Тоа е многу битно не само за Албанците туку и за Македонија воопшто.

Ова е битно затоа што, како што знаете, ДУИ е веќе 20 години на власт. После 12 април треба да ги испратиме во опозиција. И граѓаните Албанци тоа го сакаат. Важно е ние да имаме добра понуда, достоинствен кампања – така и би дошле до оваа победа. На крајот мислам дека бројките ќе кажат се.

Околу разликата меѓу концептот „Едно општество за сите“ и „Една држава за сите“ Гаши вели дека концептот „Држава за сите“ е многу подлабок.

Ние како сите граѓани во оваа држава треба да почнеме да сакаме да бидеме лојални граѓани во државата. Во исто време таа да биде сервис на сите граѓани. Општество за сите е нешто што е надвор од државата. Државата во општеството е само еден елемент. Еден од најбитните, но не е се. Мислиме дека со нашиот концепт ќе имаме похармонично општество. Општеството за сите треба државата да го гради. Тоа е битно, но суштествена за Албанците, затоа што Албанците и другите заедници немаат против да живеат во вакво општество, они се навикнати и го сакаат ова мултиетничко општество.

Но државата била таа која ова општество не можела да го преслика во органите на државата за таа да биде фер кон сите граѓани. Во суштина се работи за концептот на еднаквост. Мислиме дека тоа е универзална вредност, многу битна за нас, за да се изгради кохезивно општество и држава за сите.

Еден од проблемите на нашата е држава што носиме битни одлуки во бурни врремиња. Тоа не треба да е така – треба во мирни времиња да се носат тие одлуки. Ние и државата ја направивме во бурно време и Рамковниот договор беше во бурно време, Пржинската влада, СЈО исто така. Ако сме државници треба да одлучуваме во мирни времиња. Затоа ние ќе работиме на формулата во мирни времиња да се договориме, консензуално, за концепт кој ќе биде прифатлив за сите, добар за државата, добар за сите граѓани и ќе ја развие Македонија во добра насока, вели Гаши.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − three =