Гаши: ЕУ интеграцијата е ткиво кое не обединува – мора да ги раздвоиме државните од теснопартиските интереси

You must need to login..!

Опис

Според мене фактот е дека заслуживме да добиеме и започнеме преговори, но правилата на играта за влез во ЕУ се тие. Откога влеговме во оваа игра знаевме што не очекува. Прв пат се соочивме Грција и неколку децении ја плаќавме цената. И тогаш мислев дека нашата држава е во право, но мораше да се плати таа цена. Сега ако мислевме дека тоа правило више не важи, грешиме. Истите правила и сега важат. Во август 2017 имаше една срдечна средба меѓу владите при потпишувањето на Договорот за добрососедство. При таа средба и потпишување имаше и големи зборови, очекувања, најава и заложба Бугарија да не поддржи. Денес кога тоа не се случува, јас ја прашувам Владата што се случи во меѓу време? Мислам дека фали една димензија на транспарентност што не допира до граѓаните па и на нас како опозиција, изјави во Утрински брифинг Африм Гаши, претседател на Алтернатива кој додаде дека како држава и како граѓани мора да ги знаеме овие договори.

-За нас ЕУ интеграцијата е суштествена. Едно од најбитните ткива кои сите граѓани не обединува. Не смееме да го коцкаме и да го загртозуваме по никоја цена. Затоа сметам дека ни фали начин на заедничка соработка помеѓу власта и опозицијата. Не смееме да бидеме неодговорни и да настапуваме сами, смета Гаши и додава дека ако со Преспанскиот договор сме погрешиле што нема национален консензус, сега треба да се обидеме да наметнеме нова политичка култура во нашето делување, во нашата држава еднаш засекогаш да почнеме да ги раздвојуваме државните и државничките работи од теснопартиските интереси.

-Јас се сложувам дека како политички лидери сите имаме наши интереси, но не можеме да ги загрозуваме државните интереси грижејќи се за партиите. Нашата политичка елита не е доволно зрела да го достигне овој политички стадиум на политичка зрелост која непоходен за ваквите предизвици пред кои е поставена државата.

Исправени сме пред еден многу битен историски процес – започнување на преговори со ЕУ и тука мора сите заедно да бидеме. Не знам зошто се нема слух. Не мора да се прави драма, театар, битно е суштествено да се договориме која ќе биде нашата стратегија. Владите се менуваат – за некое време сегашната опозиција ќе биде власт и ќе мора да продолжиме по тој пат. Ако се навраќаме секогаш и одиме по различни патишта во најмала рака ќе стоиме во место, вели Гаши.

Целиот разговор со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − four =