🎥 Гаши: Ако ДУИ не успеат со „премиер Албанец“ треба да отстапат и ние како Алијанса и Алтернатива да започнеме преговори

You must need to login..!

Опис

-Се навестуваше и се очекуваше дека ќе биде мала разликата на освоени пратеници и во македонскиот и во албанскиот блок. Но највеќе сами од себе се изненадија ДУИ. Но во трите последни денови и големиот поткуп и крадење јасно ни беше како се стаса до оваа бројка.

-Како и да е ДИК и Управниот суд ги легализираа тие пратеници. Сега е битна една компонента – легитимитетот. Кога една партија го нема легитимитетот кај Албанците, а од друга страна настапуваше со максимата премиер Албанец, сега кога не може да го оствари го губат легитимитетот да бидат во Владата, изјави во Утрински брифинг лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

-ДУИ треба да проба да биде Насер Зибери да биде премиер, тие добија пратеници заради него и ако не можат тоа да го остварат ќе треба да остапат и ќе треба да се направат нови комбинаторики и ние како Алијанса и Алтернатива да започнеме преговори. Но имамвме разговори со Зијадин Села и заклучивме дека нема да влагаме во преговори пред ДУИ да го истроши својот легитимитет, вели Гаши.

-Коалицијата Алијанса / Алтернатива излезе на изборите со една програма – Држава за сите. Ние се спротивставивме за идејата премиер Албанец, мислејќио дека тоа е само симболика а не содржина. И сега не можеме да ги излажеме нашите гласачи кои веруваа на овој концепт за да одбраниме некој друг концепт, вели Гаши објаснувајќи го ставот и повикот на Ахмети сите партии да застанат зад идејата на ДУИ.

Целиот разговор со лидерот на Алтернатива погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × one =