Гацов: Нозете ги испруживме над чергата и веќе сме со голи нозе, го поминуваме максималниот износ на задолжување

You must need to login..!

Опис

-Буџетот е најважната алатка на секоја влада за реализација на политиките ветени во предизборието. Него ќе го донесе онаа влада што ќе дојде на власт. Буџетот е како водич по кој се насочуваме како ќе се одвива реализацијата на проектите.

-Доколку не стигнат средства тогаш се прибегнува кон ребаланс. Не треба да не чудат надуваните бројки кај капиталните расходи бидејќи тие скоро секогаш слабо се реализираат.

-Буџетот е сублимат, влез и излез, очигледно е ако не остварувате доволно приходи ќе мора да се задолжувате. Македонија премногу се задолжува. Тоа ќе продолжи и во наредниот период преку различни видови обврзници но ако не тргне економијата напред овие калкулации не се добри.

-Ако се земе дека е – трговијата не е опфатена со јавните давачки може да се каже дека тие се плодна почва на сивата економија. Изминатиот период не се направи опфат на сивата економија со јавните давачки.

-Треба да се позиционираат системски правила, отварање регистри на интернет продавници и тие да се регистрираат, и втората работа е со репресивни мерки да им се наложи да се регистрираат, Изјави за УБ финансискиот консултант Павле Гацов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × three =