Гацов: Девалвација нема да има – девизните резерви се добро позиционирани

You must need to login..!

Опис

-Ние сме во време на економска нестабилност, која што се обидуваме да ја неутрализираме со палијативни мерки. Овие мерки се добри за првиот ударен бран да го амортизираат. На долг рок ваквите мерки нема да дадат најдобро конечни ефекти, во смисла дека ќе ја сопрат инфлацијата односно недостатокот на некои производи во прометот, но за оние кои се обидуваат да профитираат на пазарот со ваквите мерки тоа ќе биде анулирано, изјави за Утрински брифинг Павле Гацов, финансиски консултант.

-Но овие мерки се рок до крајот на мај, така што очигледно е дека се очекува некаква разрешница, или повидок на разрешница за овој период, но се разбира дека мерките можат да бидат продолжени, зголемени и засилени доколку се случи ваквата нестабилност, односно немање на одредени прозиводи, криење под рафтови.

-Овие мерки ја чинат државата. Намалувањето на ДДВ, односно укинувањето за некои производи ќе значат намалување на приходната страна во буџетот. Тоа од друга страна ги скратува и така кратките фискални можности на државата. Имаме и мало намалување на акцизата кој е солиден приход во буџетот.

-Намалувањето на маржите, односно замрзнувањето на определени проценти ќе биде удар на економските субјекти, бидејќи маржите се тие кои ги прават профитите на компаниите, вели Гацов кој додава дека групата од осум производи кај кои е направено анулирње на ДДВ-то не е така голем удар за економските субјекти да го издржат.

-Зголемувањето на побарувачка на девизите е психолошка анулација на стресот кој го имаат граѓаните. Но јас сум со став дека нема опција за девалвација, бидејќи девизните резерви, курсот, се прилично добро позиционирани и нема да дојде до таква ситуација, вели Гацов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

one × 3 =