Гацов: Сивата економија и кеш пазарот се под партиско менторство

You must need to login..!

Опис

Падот на економијата предизвикан од пандемијата на Ковид-19 создаде сериозен притисок на македонските јавни финансии што се ефектуираше преку намалување на буџетските приходи и зголемени буџетски расходи направени заради поддршка на компаниите и граѓаните.

Плановите на Владата се состојбата да се стабилизира преку креирање повисоки стапки на економски раст, но и даночни реформи за кои веќе е во тек и стручна дебата. Какви конкретно сѐ уште е нејасно, но веќе се заговараат опции за враќање на прогресивното оданочување, повисок данок на додадена вредност, па дури и кризен данок како во 2001 година. Од Владата велат дека се разговара, но засега нема конкретни предлози за евентуалните мерки.

Претседателот на Здружение на даночни советници Павле Гацов за Утрински брифинг вели дека со оглед дека се излезени кварталните податоци, очигледно е дека со априлските податоци продолжуваат позитивните бројки.

Изгледноста дека ќе продолжи вака до крајот на годината, односно ако продолжи опаѓањето на пандемијата, економијата зема мал залет замав и по извесно време на пад, би се вратиле во некоја нормална состојба. Освен ДДВ добро поминува и данокот на добивка, бидејќи овој данок се наплаќа од добивка, што значи дека субјектите во 2020 не биле во толку лоша состојба како што мислевме сите. Кај персоналниот данок бројките се речиси еднакви како лани во овој квартал. Јас ги споредив бројките со оние од 2019 и во 2021 кварталот е подобар, и ни дава за право да кажеме дека трендовите се позитивни, вели Гацов.

Прогресивното оданочување го одложивме до 2023 година. Несериозно би било додека трае натпреварот вие да ги менувате правилата. Решение за буџетските приходи не се само зголемувањето на даночните стапки, туку еден базен кој не го користиме за црпење вода, тоа е сивата економија, кој според сите мерења кажуваат дека надминува една третина, што значи дека ние прибираме средства од тој базен и не го користиме како извор за финансирање на буџетските приходи. За да кажете некому што плаќа даноци дека заради тоа што немаме и треба да враќаме дека ќе плаќа повеќе, но во исто време тие што неплаќале да не ги нападнете со сите сили е несериозен пристап, така што во позиционирањето од каде треба да прибираме повеќе средства, јас прво би го адресирал патоказот кон сивата економија – тука треба политичка волја, добри алтки и сетоа ова да се прави без отстапки, смета Гацов.

Целиот разговор со Претседателот на Здружение на даночни советници Павле Гацов погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − fourteen =