Гарванлиев: Парадата на гордоста е марш за слобода и протест каде што имаме можност да ги запознаеме луѓето за се што се случува

You must need to login..!

Опис

Македонскиот претставник на годинашнава Евровизија, Васил Гарванлиев, ќе ја отвори втората „Парада на гордоста“ што ќе се одржи на 26 јуни во Скопје.

Според организаторот, настанот ќе започне со собирање на учесниците во паркот „Жена Борец“ од 10 до 12 часот, а движењето ќе биде покрај Влада, сѐ до Школка во Градскиот парк.

Организатор на парадата е Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Се вратив во Македонија пред три години затоа што верувам во нашиот талент, во нашите корени. 2019 се одлучи претставникот на Евровизија секоја година ќе ја отвора Парадата на гордоста. Требаше лани, но светот како што знаеме лани застана. Се чувствувам безбеден, но има мала резерва кај мене од март кога настана целиот скандал после спотот. Почнав да се будам со илјадници пораки, но признавам дека до ден денес тој сајбер булинг не е престанат, изјави во Утрински брифинг Гарванлиев.

-Како уметници мора да сме неутрални во секоја сфера. Ја имаме таа одговорност да бидеме глас за сите оние кои немаат глас. Од тоа не се плашам, ме бодри и ми дава надеж. Ако успеам да направам чекор кој на младите генерации да живеат слободно без да се плашат да направат чекор и да бидат тоа што се, тогаш јас сум среќен. Годинава слоганот на Парадата е „Вон ѕидовите“, вели Гарванлиев.

-Не смееме да се плашиме и мора да се информираме и едуцираме. Парадата на гордоста е марш за слобода и протест каде што имаме можност да ги запознаеме луѓето за се што се случува. Колку повеќе се информираме и правиме муабет, толку повеќе самите ќе се разбудиме. Јас сум вратен пред три години и веже гледам дека времето и луѓето се менуваат. Малдите генерации се поотворени, така што мора да продолжиме да бидеме она што сме, смета Гарванлиев.

-Битно е да знаеш дека си сакан без разлика на тоа што си. Јас го направив тој чекор, не можев да го кажам на глас, напишав писмо на мајка ми, но таа веќе знаеше, така што сум благодарен што пораснав со толку многу љубов, вели Гарванлиев.

Целиот разговор со Гарванлиев погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − 10 =