Ганиу: Со мали исклучоци на почетокот, чаирчани целосно ги почитуваат мерките на Владата

You must need to login..!

Опис

Секојдневно сум во комуникација со надлчежните органи. Можеби првиот ден во Чаир имаше два-три локали кои не ги почитуваа мерките, но сега се почитуваат мерките на Владата.

Уште од раните часови има мала посетеност на граѓаните што доаѓаат со побарувања до општината. Без потреба не излегуваат и ги почитуваат сите мерки, изјави во Утрински брифинг градоначалнкиот на Чаир, Висар Ганиу.

Ние уште од првиот ден обезбедивме заштитни материјали во општината. Го свикавме Советот за превенција и кризен штаб и заедно со Регионалниот штаб за менаџирање со кризи, Црвениот крст и градот СКопје почнавме со дезинфекција на општината. Но тука наидовме и на одредени потешкотии со обезбедување на материјал (Дезинтал) за дезинфекција.

Ова е мое прво искуство како градоначалник и морам да кажам дека добивме огромна помош за општината од надлежните институции, изјави Ганиу.

Јас со мојот автомобил шетам низ Чаир и интервенирам и барам помош од МВР каде што забележувам групирање на луѓе. Но сега сметам дека веќе децата и родителите се доволно информирани и веќе нема проблем.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 − 1 =