Галевски: Филмот е веројатно медиумски најсилната работа на планетава – не е добро што во Македонија има толку многу фестивали

You must need to login..!

Опис

Филмот е веројатно медиумски најсилната работа на планетава, и според парите кои ги троши и кои ги заработува,изјави за Утрински брифинг Влатко Галевски, филмски критичар и рецензент.

-На глобално ниво филмот стои фантастично во однос на фестивали. Мислам дека на планетава има 14.000 филмски фестивали. Дали има 14.000 милионски градови нема. . Но таа дисперзија и по по помалите градови да се има фестивали е потреба, бидејќи филмот е дел од културата и тоа на масовната култура.

-Филмот се уште е забава, уметност нема набрзо да стигне.

-Поевтивувањето кај филмот е во новата технологија. Веќе нема 35 милиметри. И во западниот свет оние фабрики кои произведуваат како Кодак, Фуџи кои сега немаат работа ги држеа вештачки да постојат. Но откако се помина на DSP овозможи филмот да биде евтин, но скап за производство, додаде Галевски.

Анализата на Галевски погледнете ја во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 + three =