Галевски: ТВ сериите се сѐ попопуларни

You must need to login..!

Опис

-Во играта за профит и играта да се направат добри телевизиски и филмски продукти се направи некои фирми кои со тоа не се занимаваат сега да почнат да се занимаваат – Амазон, Ејпл, ХБО, Дизни, Нетфликс, изјави во Утрински брифинг Влатко Галевски, филмски критичар и рецензент.

-Се она што беше главно во Америка пред 10-15 години, сега се „тресе“ и се преориентира на сериски филмови.

-Зошто е таква ситуацијата? Еден од најбаналните моменти е што луѓето не сакаат да излезат од дома за одат во кино. Сакаат да се „уфотељаат“ и да грицкаат нешто, што е дозволено и во кино, но комоцијата е поинаква. Плус тоа што има голема слобода во надградбата на сценаријата во сериите, вели Галевски и додава дека доколку некаде заглави серијата со популарност и рејтинг, сценаријата се менуваат.

-Телевизиската форма е форма на барање, на истражување, на избор. Можеш да бираш. Во кино кога одиш, одиш на одреден филм – почеток и крај.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

20 − 5 =