Галевски: Се подготвува списокот на оскаровски филмови

You must need to login..!

Опис

Во предновогодишната атмосфера, а на запад најголемата потрошувачка хостерија е пред Божик, се чини дека заживува и филмската индустрија. Оскарите се одложија за март, а бокс-офисите во декември ќе покажат кои филмови се фаворити.

-Академијата сѐ уште работи, а некаде во јануари и почеток на февруари ќе ја имаме листата на филмови кандидати за оскар. Сега се извадија натпросечно многу филмови, особено што некои премиери беа одложени поради ковид кризата. На почетокот на ковид веќе не можеше да се снима, но сега и публиката се враќа во кино салите, вели филмскиот критичар Влатко Галевски за Утрински брифинг.

Тој вели дека Србија нема да оди на оскар со филмот „Тома“ кој беше популарен во регионот.

Интересен за гледање е филмот „Кода“, семеен филм, кој доби награди на Санденс. Галевски препорачува да се изгледа оти станува збор за девојка која сака да оствари пејачка кариера, но дома никој не може да ја слушне оти сите се глуви.

Популарен со својата наивост на плашење на публиката е и најновото продолжение од филмскиот серијал „Ноќ на вештерките“, вели Галевски. Тој вели дека рецептот за хорор филмовите е ист, а новото во новото продолжение е што Џејми Ли Кертис е баба…

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 − one =