Галевски: „Медена земја“ е најдобар културен продукт – сметам дека победи просечен филм

You must need to login..!

Опис

Многу поголеми филмови, со поголема логистика, повеќе пари не успеаја да добијат сериозни награди. Пред се за „1917“, кој доживеа вистинско фијаско. Се случи и преседан во историјата на Оскарите – еден странски филм да добие четири Оскари и тоа најпрестижните. Не треба да жалиме за „Медена земја“.

Тој останува еден од најдобрите културни продукти на оваа држава. Сметам дека ова е можеби максимуот што објективно можеше да се постигне, изјави Владо Галевски, филмски критичар во Утрински брифинг.

Да, ние сме пристрасни, се разбира, јас како професионалец ќе се обидам да кажам дека ниту грам не бев пристрасен, затоа што ги изгледав и другите четири во категоријата документарци и објективно сметам дека победи просечен филм.

За мене беше очекувано затоа што тоа е типичен американски продукт и наменет е за американската публика, па дури и Академијата подпадна под некаков притисок на јавноста, каде што главната улога е на американскиот граѓанин, исполнува само некакви стандарди на документаристиката – за разлика од „Меедена земја“, „Јас сама“ итн, изјави во Утрински брифинг Владо Галевски, филмски критичар и рецензент.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − 6 =