Галевски: Има голем број филмови каде музиката е доминатна во однос на квалитетот на филмот

You must need to login..!

Опис

-Не знам кој теоретичар рекол – дека сите промашувања на режисерот се пополнуваат со музика. Така што е голем знак прашање колку на филмот му треба музика, изјави за Утрински брифинг Влатко Галевски, филмски критичар и рецензент.

-Очигледно дека овој теоретичар е во право затоа што има голем број филмови каде музиката е доминатна во однос на квалитетото на филмот или барем каде што балансот е одлично направен.

-Како куриозитет да спомнам дека еден од најдобрите македонски филм „Црно семе“ воопшто нема музика. Така што филм без музика е можен и без последици.

-Партитура или скор е композиција специјално работена за филм, најчесто е инструментална со голем оркестар. Значи тоа е нарачана музика од композитор или група композитори за определен филм.

-Има композиции кои останале како инструментални изведби извонредно многу квалитетни и познати. Врвните автори сериозно ги работат таквите теми компатибилно со дејствието и слиакта.

-Саундрак е музика позајмена за филмот. Тоа обично се хит песни кои го потенцираат дејствиетото. Во саундрак се сметааат и оние вокални извеедби кои се спцијално правени за филмот.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

19 + one =