Галевски: Во Европа покреативно се пристапува тематски, па и визуелно кон филмовите што се продуцираат

You must need to login..!

Embed Code

Опис

-„Кода“ не е голем филм од ниту еден аспект, освен од еден етички аспект, од еден хуман аспект, затоа што и кинематографски, музички, па дури и актерски аспект е мал филм, нема тука голема продукција, изјави во Утрински брифинг Влатко Галевски, филмски критичар и рецензент.

-Сомневањата сѐ уште траат дали е заслужено да ја добие наградата за најдобар филм, бидејќи многу од буквата Ф нема таму. Кинематографскиот дел е многу едноставен, просечен, но темата и човекот што доби Оскар за споредна машка улога, навистина заслужија многу пофалби, додава Галевски,

Галевски вели дека од секогаш постоела паралела или дискрапанца помеѓу продукцијата во Европа и во Холивуд.

-Но да не заборавиме дека истокот прави огромни продукции – Индија, Иран, Јапонија и тоа не се безначајни.

-Трендовите, за среќа, во европската продукција се спротивни на Холивуд кој обожува да прави франшизи. Во Европа секој филм си има свое оригинално сценарио. Мислам дека во Европа покреативно се пристапува тематски, па дури и визуелно кон филмовите што се продуцираат. Нема клише.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

9 − two =