Гавриловиќ: „Стоп Корона“ е безбедна апликација во колективната борба со здравствената опасност – КОВИД-19

You must need to login..!

Опис

До сега апликацијата „Стоп Корона“ ја имаат инсталирано 37.000 граѓани. Генерално сме задоволни со темпото со оглед на тоа што се поминати само 2 дена од нејзината промоција. Одговорно тврдам дека апликацијата гарантира целосна заштита на приватноста. Таа во никој случај не ги следи контактите, не користи локација, ниту име и презиме на оние кои ја користат апликацијата.

Функционира со анонимизирани кодови (шифри) кои се генерираат за секоја апликација со нејзиното активирање. Единствен податок што го бара апликацијата е мобилниот број на корисникот. Корисникот е потребно доброволно да го внесе својот мобилен број за да ја активира апликацијата (го потврдува својот број со внес на СМС код пратен на тој број). Овој податок се евидентира на безбеден сервер на Минстерството за здравство. Ниту еден друг корисник нема пристап до мобилните броеви, ниту пак некаде се чува податок за сопственикот на бројот, вели Саша Гавриловиќ од Некстсенс.

Би сакал да појасна дека се регистрира само бројот, без никаков друг личниот податок. Не се собира информација во однос на локација, слики или пак други инаформации врз кои се дигна прашина, додава Гавриловиќ.

Иницијативата дојде по објавувањето на слична апликација од Сингапурските власти. Ова е концепт кој што дава сигурност на приватност на податоците а притоа да се помогне на здравствените власти да дојдат брзо до одговорот со кого заболениот бил во контакт во последните 14 дена. Сметаме дека вака би придонеле за што е можно побрз и поточен одговор, вели Саша Гавриловиќ од Некстсенс.

Морам да напоменам дека за да се користи апликацијата не е потребен вклучен интенет. Кога сте блиску до друг телефон со активна апликација, двата телефони користат Bluetooth за да разменуваат шифри (алиаси) од апликацијата. Истите може да ги декриптира само Министерството за здравство и не го открива вашиот идентитет или идентитетот на другата личност.

Идејата на апликацијата е кога се наоѓате во банка, маркет, каде што има поголема фрекфенција на луѓе со кои не се знаете, а се во вашата близина и ја имаат апликацијата ќе ги разменат информациите. Во оној момент, доколку некој биде заболен, ќе биде пред епидемиологот кој ја прави здравствената анализиа. Значи кога ќе се увиди тоа, здравствените власти ќе ве замолат да ги испратите податоците, кои одат до Централниот систем и само во тој момент се има информации со кого сте биле во близина и во контакт во претходните 14 дена.

Морам да напоменам дека би биле задоволни доколку имаме 100.000 корисни, бидејќи тогаш би имало поголем ефект и би било од огормна помош на Здравствените власти, вели Гавриловиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 − 2 =